ЌЕ БИДЕ ДЕНЕСКА, КАЖА КОЅИЈАС ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР МЕЃУ ЦИПРАС И ЗАЕВ

    ЌЕ БИДЕ ДЕНЕСКА, КАЖА КОЅИЈАС ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР МЕЃУ ЦИПРАС И ЗАЕВГрчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас утринава имаше средба со премиерот Алексис Ципрас. - Никос Коѕијас со Никола Димитров (Фото: СДК.МК)

    Денешниот ден е критичен за преговорите за името и долгоочекуваниот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се случи денеска, потврди грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

    „Денеска ќе биде разговорот“, изјави кусо за грчките медиуми Коѕијас по излегувањето од премиерската резиденција.

    На прашање за содржината на разговорот, Коѕијас одговори дека за тоа треба да кажат двајцата премиери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира