СЕЛЕКТОРОТ НА ШПАНИЈА ЛОПЕТЕГИ СТАНА НОВ ТРЕНЕР НА РЕАЛ МАДРИД

    СЕЛЕКТОРОТ НА ШПАНИЈА ЛОПЕТЕГИ СТАНА НОВ ТРЕНЕР НА РЕАЛ МАДРИДХулен Лопетеги потпиша тригодишен договор со европскиот првак (Фото: Гети)

    Актуелниот селектор на шпанската репрезентација Хулен Лопетеги ќе биде нов тренер на Реал Мадрид.

    Педесет и едногодишниот Лопетеги потпиша тригодишен договор, потврди клубот, само два дена пред почетокот на Светското првенство во Русија.

    Тој доаѓа на местото на Зинедин Зидан, кој неочекувано поднесе оставка неколку дена по освојувањето на третата едноподруго титула во Лигата на шампионите, со оправдување дека на клубот му треба „поинаков глас“.

    Пред да стане селектор на Шпанија во 2016 година, Лопетеги две сезони го водеше Порто. Како голман, тој беше член и на Барселона и на Реал Мадрид, но забележа малку настапи и најдолго се задржа во Логроњес и Рајо валјекано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира