Кристијано Роналдо постигнал договор со шпанските даночни власти, при што добил двегодишна условна казна и ќе мора да плати 18,8 милиони евра, јавуваат тамошните медиуми.
Овој случај доби разврска непосредно пред првиот настап на Роналдо на Светското првенство во Русија, кадешто Португалија вечерва се среќава токму со Шпанија.
Роналдо беше обвинет за затајување данок во висина од 14,7 милиони евра, што тој го негираше.
Весникот „Ел Мундо“ и шпанската агенција „Ефе“ ја потврдија информација за пресудата, цитирајќи извор од даночните власти, додека претставниците на ѕвездата на Реал Мадрид ништо не коментираа.
Роналдо наводно се изјаснил како виновен по четири точки од обвинението за затајување данок и за секоја од нив добил по шест месеци условен затвор.