ДОГОВОРОТ НИ ДОНЕСЕ ПРИЈАТЕЛ ЗА КОЈ НИ ВЕЛЕА ДЕКА НИ Е НЕПРИЈАТЕЛ, РЕЧЕ ЗАЕВ ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

    ДОГОВОРОТ НИ ДОНЕСЕ ПРИЈАТЕЛ ЗА КОЈ НИ ВЕЛЕА ДЕКА НИ Е НЕПРИЈАТЕЛ, РЕЧЕ ЗАЕВ ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈАПо обраќањето на премиерите Алексис Ципрас и Заев, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот за решавање на спорот за името

    Премиерот Зоран Заев, пред потпишувањето на договорот со Грција во Псарадес (Нивици) на грчката страна во Преспа, рече дека овој договор на нашата земја и донел пријател и оти е горд што избравме решение кои нè обединува.

    „Договорот ни донесе охрабрување и аспирација, поголема доверба меѓу двете земји и подобар живот на граѓаните. Ни донесе пријател за кој некој ни велеше дека ни е непријател. Горди сме на ова решение, оти избравме решение кои не обединува. Кога имаш верба, надеж, и храброст може планини да поместиш. Навистина поместивме планини. Кога многумина се сомневаа, ние потврдивме дека е возможно. Ставаме крај на повеќегодишните разлики за  прашањето за името кое беше отворено три децении“, рече Заев.

    „Ова е взаемно корисен договор кој целосно ги почитува вредностите и принципите на народите“, рече  грчкиот премиер Алексис Ципрас пред потпишувањето на договорот. Тој рече дека договорот значи „нова ера на стабилност, просперитет и безбедност“, но сепак додаде дека за да се оствари, обете страни мора многу да работат.

    По обраќањето на премиерите Ципрас и Заев, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот за решавање на спорот за името.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира