Премиерот Зоран Заев му ја подари вратоврската која ја носеше на потпишување на договорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Откако министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот при честитањето Заев ја извади црвената вратоврска и му ја подари на Ципрас. Грчкиот премиер никогаш не носи вратоврска, па и во Преспа беше беше облечен во кошула и костум, а подарокот од Заев го стави во џебот од костумот.
Потоа премиерите Заев и Ципрас, министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас, медијаторот Метју Нимиц, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, заеднички се фотографираа.
Г. ТРПЕНОСКИ