На последниот ден од Самитот на Глобалната мрежа на уредници што се одржува во Лисабон, помалку невообичаено од главната тема за роботите, вештачката интелигенција и машините кои го моделираат новинарството, Маргарет Саливен, колумнист во Вашингтон пост, излезе на сцена за да разговара за улогата на јавниот уредник.
Ова враќање на основите на новинарството дојде како освежување на Самитот оти неколку годни новинарите се окупирани со дигитализацијата и машините кои му погодуваат на ширењето лажни вести.
Саливен од „Вашингтон пост“ пак зборуваше за новинарството како „куче чувар“ во општетството.
„Новинарите не можат да бидат опозициска партија на популисти, но тие не треба да бидат послушни, ниту да ги затвораат устите и треба да продолжат да работат како што е вообичаено и кога немаше дигитални медиуми.
Таа посочи на три работи кои новинарите треба да прават поинаку и подобро: – да бидат скептични, да бидат потранспарентни и да обезбедат глобален контекст и отчетност.
„Колку беше скептичен американскиот печат за време на претседателските избори? Не многу“, рече Саливан, укажувајќи на големиот број лажни податоци што беа објавени помеѓу скандалот со е-поштата на Клинтон, наспроти акциите на Трамп во неговата општа кариера и живот.
“Ние не бевме скептични во врска со врските на Трамп со Русија”, рече Саливен.