ЌЕ ВЕ ЗАПАЛИМЕ ЖИВИ СОСЕ БАРАКА, СВЕДОЧЕШЕ СОВЕТНИК ЗА ЗАКАНИТЕ И НАВРЕДИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАР

    ЌЕ ВЕ ЗАПАЛИМЕ ЖИВИ СОСЕ БАРАКА, СВЕДОЧЕШЕ СОВЕТНИК ЗА ЗАКАНИТЕ И НАВРЕДИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАРСведоците искажаа разочарување од пасивноста и глувонемоста на полицијата која оставила толпата да дивее. - Дел од обвинетите во предметот на СЈО Насилство во Општина Центар (Фото: К. Попов)

    „Да ви ебам мајка! Да ви ебам се што ви е женско до петто колено! Ќе ве запалиме живи сосе барака! Пичка ви матер! Комуњари!“, се зборовите и навредите што ќе ги паметам цел живот, сведочеше во Кривичниот суд Игор Алаџајков, поранешен советник на СДСМ, што преживеал на 7 и на 10 јуни 2013 година додека бил среде канонада од камења во општинската барака во Центар.

    „Цел живот ќе ги паметам тие пцовки, навреди и закани од (обвинетиот н.з.) Александар Трајковски што седи овде прв во редот“, го посочи Алаџајков присутниот обвинет, а потоа препозна и други агресивни, како што рече, обвинети во овој предмет на СЈО.

    Во случајот Насилство и шамари во општина Центар, првообвинет за нарачување на насилствата врз советниците на СДСМ и тогашниот градоначалник Андреј Жерновски е експремиерот Никола Груевски. Обвинет дека го организирал нарачаното насилство е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, потоа пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште седуммина фатени на снимките како ја кршат општината.

    Тројца веќе признаа вина и добија условни осуди. Алаџајков го поврза насилството со ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека советниците од оваа партија се поздравувале со насилниците, им отворале прозорци, цело време комуницирале со нив. Како и претходниот сведок, советник од СДСМ, и Алаџајков рече дека толпата протестирала против изградба на црква, што воопшто не било на дневен ред, а всушност дошла да спречи промена на урбанистички планови и спасување на големи бизнис интереси на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Сведоците искажаа разочарување од пасивноста и глувонемоста на полицијата која оставила толпата да дивее, да ја крши општина Центар слободно и да им го загрози животот на советниците од СДСМ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира