ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 9 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ДЕКА ФРЛАЛЕ СО КАМЕЊА ЗА ВРЕМЕ НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО

    ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 9 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ДЕКА ФРЛАЛЕ СО КАМЕЊА ЗА ВРЕМЕ НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТОКако што велат од МВР, за време на синоќешниот протест, повеќе лица со фантомки почнале да фрлаат камења кон полицискиот кордон, по што се повлекле кон Жена парк. - Од вчерашниот протест пред Собранието (Фото: К. Попов)

    Полицијата приведе девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпел, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети во врска со вчерашниот протест против договорот за името пред Собранието, соопшти МВР.

    Како што велат од МВР, за време на синоќешниот протест, повеќе лица со фантомки почнале да фрлаат камења кон полицискиот кордон, по што се повлекле кон Жена парк.

    „При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпел, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира