СТОЛТЕНБЕРГ УТРЕ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ТОА ШТО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ГО ЧЕКААТ СО ГОДИНИ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПОКАНАТА ВО НАТО

    СТОЛТЕНБЕРГ УТРЕ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ТОА ШТО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ГО ЧЕКААТ СО ГОДИНИ, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПОКАНАТА ВО НАТОГенералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години, вели Стево Пендаровски. (Фото: СДК.МК)

    Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вели дека утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули.

    „Утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули. Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО“, рече Пендаровски РОС-РОТ семинарот што се одржува во парламентот.

    Пендаровски додаде дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, бидејќи околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира