„ВИЕ СТЕ СЕГА НАШИ БРАЌА“, МЕКСИКО ЈА СЛАВИ ЈУЖНА КОРЕЈА ПО ПОБЕДАТА НАД ГЕРМАНИЈА

    „ВИЕ СТЕ СЕГА НАШИ БРАЌА“, МЕКСИКО ЈА СЛАВИ ЈУЖНА КОРЕЈА ПО ПОБЕДАТА НАД ГЕРМАНИЈАНа прославата на Мексиканците се придружи и генералниот конзул на Јужна Кореја во Мексико (Фото: Њујорк тајмс)

    Фудбалерите на Мексико на неверојатен начин се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во Русија, во што, по поразот од Шведска од 0:3, им помогна сензационалната победа на Јужна Кореја над актуелниот шампион Германија од 2:0.

    Токму затоа, огромен број навивачи го славеа пласманот на Мексико пред амбасадата на Јужна Кореја во Мексико Сити, при што насобраната маса дојде да ја поздрави и генералниот конзул Ким Санд-Ил.

    Во големата еуфорија, Ким се најде на рацете на пресреќните навивачи, кои му дадоа да се напие текила, пеејќи му дека Корејците сега се нивни браќа.

    На прославата се вееја и заеднички мексиканско-корејски знамиња, а на Твитер имаше и такви кои ветија дека ќе почнат да слушаат корејски поп.

    „Ти благодариме Кореја! Не знам точно каде се наоѓаш, но ти благодарам“, кажа 22-годишната студентка Сесилија Гонсалес.

    И покрај големата победа, Јужна Кореја отпадна од Мундијалот, додека Мексико сега се среќава со Бразил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира