Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
„Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка. Но, што се однесува на приближувањата на НАТО и неговата инфраструктура кон нашите граници, познат е ставот на Москва за тој процес – и во тој поглед ништо не е променето“, одговори Песков на новнарско прашање за ставот Кремљ за приклучувањето на Македонија во НАТО.