ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕГЛА СО ОРУЖЈЕ ВО ДИСКОТЕКИ НИЗ СКОПЈЕ, ОТИ БИЛЕ НАПАДНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ДАНОЧНА ИНСПЕКЦИЈА, НЕОФИЦИЈАЛНО ВЕЛАТ ОД МВР

    ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕГЛА СО ОРУЖЈЕ ВО ДИСКОТЕКИ НИЗ СКОПЈЕ, ОТИ БИЛЕ НАПАДНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ДАНОЧНА ИНСПЕКЦИЈА, НЕОФИЦИЈАЛНО ВЕЛАТ ОД МВРМВР уште официјално не соопштува ништо за синоќешната акција низ скопските дискотеки, иако социјалните мрежи се полни со снимки и коментари. (Фото: Фејсбук)

    Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција со асистенција на полицијата ноќеска извршила рација во неколку ноќни клубови во Скопје, што ги налути, како сопствениците, така и гостите кои тврдат на социјалните мрежи дека акцијата била вооружена, среде забава.

    Според статусите на социјалните мрежи на гости – очевидци, полицајци со оружје биле видени на подиум, во ди џеј кабина, насекаде низ локалите.

    Додека се чека официјалниот став од МВР за ноќешната рација во угостителски објекти во Скопје, оттаму неофицијално тврдат дека полицајци биле нападнати вчера и во текот на ноќта, па затоа при асистенцијата на УЈП и на Пазарната инспекција, носеле оружје како заштита. Иако неофицијално, оттаму негираат каква било употреба на сила врз граѓани при контролите од УЈП и од Пазарната инспекција.

    За ова утринава реагираше Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови слободи и права која најави дека Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе.

    „Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“, напиша Пировска на нејзиниот фејсбук профил.

    Комитетот ги повика сопствениците на дискотеките и граѓан(к)ите кои биле присутни и кои ги посведочиле настаните да поднесат претставка таму и во внатрешната контрола на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира