РУСКИ ОЛИГАРХ СИ ЈА СТАВИ СОПРУГАТА НА 50 МЕТАРСКИ МУРАЛ ЗА РЕКЛАМА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    РУСКИ ОЛИГАРХ СИ ЈА СТАВИ СОПРУГАТА НА 50 МЕТАРСКИ МУРАЛ ЗА РЕКЛАМА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО„Ова е мурал со кој ги поздравуваме сите странски гости во Русија и ги покануваме на фудбалските натпревари!“, пишува агенцијата за рекламирање „Новатек Арт“ во описот на сликата на социјалните медиуми

    Газдата на руската агенција за рекламирање „Новатек Арт“, која има задача да ги украсува московските фасади за Светското првенство во фудбал, ја искористи можноста да нарача 50 метри висок мурал на неговата сопруга.

    Портретот ја прикажува сопругата на Иван Пантелеев, Дарија, во спортска облека како држи фудбалска топка.

    „Ова е мурал со кој ги поздравуваме сите странски гости во Русија и ги покануваме на фудбалските натпревари!“, пишува „Новатек Арт“ во описот на сликата на социјалните медиуми.

    „Финансирањето на фасадата во населбата Жулебино е од градскиот буџет на Москва“, изјави Пантелеев за „Ројтерс“.

    Иван Пантелеев со сопругата Дарија Пантелеева (Фото: Ројтерс)

    „Вистина е дека модел за оваа слика беше мојата сопруга”, рече Пантелеев, додавајќи дека за такви големи слики уметниците треба да се потпрат на фотографија и во овој случај моделот е неговата сопруга.

    Тој рече дека еден од двајцата сликари е тајландскиoт графити артист Муе Бон, чија посета на Русија беше спонзорирана од Владата за уште еден проект на „Новатек“ поврзани со Светското првенство.

    „Обично (Иван) вели дека неговите критичари се само љубоморни. Во овој случај, дефинитивно сме љубоморни. Зарем не сакаме сите да имаме такви сопрузи, нели дами? “, пишува директорката на една галерија, Ана Нистратова, во саркастичен пост на нејзиниот Фејсбук профил.

    Дарија Пантелеева го бранеше својот портрет.

    „Ако некој уметник или организатор има нарачка да наслика русокоса Русинка со топка, зошто некој треба да се грижи дали моделот е познат или не“, одговори Пантелеева на реакциите на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира