ШТАБ ЗОВЕ БЕДРЕДИН? ЈАВИ ИМ СЕ – СЕ СЛУШАА БОМБИ И СНИМКИ ОД ДИК НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“

    ШТАБ ЗОВЕ БЕДРЕДИН? ЈАВИ ИМ СЕ – СЕ СЛУШАА БОМБИ И СНИМКИ ОД ДИК НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“Од денешното судење за „Титаник 2“ (Фото: СДК.МК)

    За нелегално поништениот прв круг на локалните избори во 2013 година, срочен во обвинителниот акт „Титаник 2“, денеска продолжи судското рочиште, со два прислушувани разговора меѓу обвинетите Сашо Мијалков и Мендух Тачи и меѓу Тачи и Бедредин Ибраими.

    „Имам една ургенција за вас. Треба да гласате сега за нас во Струмица“, му вели Мијалков на Тачи.

    „Сега? Одма се јавувам. За минута!“, му одговара Тачи и веднаш му се јавува на Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА.

    „Ало, сега ја имате Струмица. Ќе гласаш да се поништи, пошто сме договорени за Чаир“, му вели Тачи на Бедредин, по неколку минути од разговорот со Мијалков.

    Тогаш со гласот на Бедредин Ибраими, изборот за градоначалник на Струмица, каде во прв круг Зоран Заев од СДСМ го победи Васил Пишев, беше поништено гласањето. За ова во бомбите што ги пушташе тогашната опозиција на чело со Заев, Гордана Јанкулоска како министерка за внатрешни работи му се јавува на тогашниот пратеник Гошев и му дава инструкции: „Прајте све! Ливче нека снема!“, само за да има основ за приговор за победата на Заев врз Пишев, што и се случи.

    Бедредин на снимката од седницата на ДИК што беше пуштена во судница, навистина констатира дека во Струмица фалело ливче. Му ѕвони телефонот, Виолета Дума му вели: „Штаб зове Бедредин? Јави им се”.

    Во „Титаник 2“, се обвинети и поранешните членови на ДИК Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефанова од ВМРО-ДПМНЕ. Апелацискиот суд Скопје ги тргна од обвинението петтемина судии од Управниот суд кои според СЈО, ја завериле оваа злоупотреба на високите државни функционери од ДИК.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира