ПРИВЕДЕН ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА, ПОЛИЦИСКИ ИНСПЕКТОР ИЗБЕГАЛ

    ПРИВЕДЕН ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА, ПОЛИЦИСКИ ИНСПЕКТОР ИЗБЕГАЛСите приведени во моментов се на распит во Основното јавно обвинителство во Струга (СДК.МК)

    Во полициска акција во Струга денеска е приведен директорот на струшкиот затвор Арменд Шакири, заедно со неколку лица. Во акцијата избегал и еден полициски инспектор кој требало да биде приведен, а меѓу осомничените приведени се и две лица од село Велешта кај кои е најдено оружје и дрога.

    Неофицијално, директорот Шакири е приведен поради можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности.

    Сите приведени во моментов се на распит во Основното јавно обвинителство во Струга.

    МВР најави дека во текот на денов официјално ќе соопшти зошто била изведена полциската акција во Струга и струшко.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира