Дваесет и едногодишниот Н.С., кој беше претепан на 29 јуни во Автокоманда утринава почина, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од КАРИЛ.
„Пациентот почина сабајле во 8 часот. Станува збор за тешка телесна повреда на мозокот. Телото е предадено на Судска медицина“, ни изјавија од КАРИЛ.
Претходно, во врска со нападот, МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ против Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје.
Б.Б. (20), С.Д. (21) беа приведени и им беше одредена мерка притвор.
Напаѓачите излегле од автомобил и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка кај седиштата на „Алкалоид“ и „Скопска пивара“.