На градоначалникот на Општина Ново Село Боро Стојчев и уште три лица осомничени за шверц на цигари им е одредена мерка осумдневен притвор, а на едно лице му е одземена патната исправа и треба еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица.
Вчера попладне петмината осомничени беа донесени во Основниот суд во Струмица, во присуство на адвокат, каде судија во претходна постапка им ја одредни мерката притвор која ја бараше јавниот обвинител, а притворот ќе го издржуваат во Прилепскиот затвор.
Завчера околу 19 часот, во близина на див премин на границата меѓу Македонија и Бугарија кај селото Бадилен, полицијата ги приведе петмината во обид за шверц на околу 3.300 штеки цигари цигари во вредност од 3.245.589 денари.
Основното јавно обвинителство во Струмица ги товари за сторено кривично дело криумчарење, за кое е предвидедена казна затвор од шест месеци до 5 години.
Р. ЃОРГИЕВ