Новак Ѓоковиќ го освои првиот гренд слем по повеќе од две години, победувајќи го Кевин Андерсон во финалето на Вимблдон.
Српскиот тенисер, кој беше 12. носител, победи со 6:2, 6:2, 7:6 (7:3) за неговиот 13. трофеј на гренд слем турнирите и прв по Ролан Гарос во 2016 година. 31-годишниот Ѓоковиќ го освои првиот сет за само 29 минути и потоа направи уште два брејка во вториот сет. Во третиот сет, Јужноафриканецот Андерсон не искористи пет сет топки и на крајот Ѓоковиќ победи во тај брејк.
Со четвртата титула на Вимблдон, Ѓоковиќ се искачи на четвртото место на вечната листа по бројот на титули на гренд слем турнирите. Повеќе од него имаат Роже Федерер (20), Рафаел Надал (17) и Пит Сампрас (14).