СВЕТОТ САКА РУСИЈА И САД ДА БИДАТ ВО ДОБРИ ОДНОСИ, КАЖА ТРАМП НА САМИТОТ СО ПУТИН

    СВЕТОТ САКА РУСИЈА И САД ДА БИДАТ ВО ДОБРИ ОДНОСИ, КАЖА ТРАМП НА САМИТОТ СО ПУТИНТрамп и Путин во Хелсинки го имаат својот прв самит, среде влошените односи помеѓу нивните земји (Фото: АП)

    Доналд Трамп и Владимир Путин го отворија својот прв самит со предвидување дека нивните земји ќе имаат извонреден однос, но притоа не го спомнаа наводното мешање на Москва во изборите во САД во 2016 година.

    Според Трамп, нема ништо лошо во тоа Русија и САД да бидат во добри односи.

    „Да бидеме искрени, нашите две земји не се во добри односи. Навистина мислам дека светот сака да нè види како добро се согласуваме“, кажа Трамп на средбата во Претседателската палата во Хелсинки.

    Трамп претходно ги обвини поранешните претседатели на САД дека биле глупави што правеле тензии.

    „Нашите односи со Русија никогаш не биле полоши, и тоа благодарение на повеќегодишна американска глупавост и сегашниот лов на вештерки“, напиша Трамп на Твитер во пресрет на самитот.

    Односите помеѓу Вашингтон и Москва се заострени по руската анексија на Крим во 2014 година, а потоа се појавија и тврдења дека Кремљ му помогнал на Трамп да победи на изборите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира