СРАМНО, ПОГРЕШНО, ПРЕДАВНИЧКИ – СИТЕ ГО НАПАЃААТ ТРАМП ОТКАКО ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА РУСИЈА

    СРАМНО, ПОГРЕШНО, ПРЕДАВНИЧКИ – СИТЕ ГО НАПАЃААТ ТРАМП ОТКАКО ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА РУСИЈАСпоред критичарите, Трамп во Хелсинки ја направил најсериозната грешка во својот мандат (Фото: АП)

    Доналд Трамп се најде на удар на жестоки критики во САД, откако по самитот со Владимир Путин во Хелсинки застана во одбрана на Русија, наспроти тврдењата дека таа се мешала во изборите во 2016 година.

    Трамп им контрираше на американските разузнавачки служби, изјавувајќи дека Москва немала никаква причина да се меша.

    „Трамп треба да сфати дека Русија не е наш сојузник“, кажа првиот републиканец во Конгресот, спикерот Пол Рајан.

    Дури и актуелниот шеф на разузнавачите јавно го нападна Трамп.

    „Русија е одговорна за тековни, продорни обиди да се поткопа американската демократија“, рече директорот на Националната разузнавачка служба Ден Коутс.

    На самитот, Путин изјави дека Русија никогаш не се мешала во внатрешните работи на САД, на што Трамп одговори дека нема причина да не му верува. Тој притоа ги обвини своите претходници за лошите односи со Русија.

    „Имам голема доверба во моите разузнавачи, но Путин звучеше многу убедливо и моќно во своите негирања денеска“, кажа Трамп во Хелсинки.

    „Трамп направи свесен избор да брани тиранин. Ова беше еден од најсрамните настапи на американски претседател досега“, изјави сенаторот Џон Мекејн.

    Директорот на ЦИА од ерата на Обама, Џон Бренан, ги опиша зборовите на Трамп како предавнички, а тој беше нападнат и од еден од своите најголеми поддржувачи, Њут Гингрич.

    „Ова е најсериозната грешка во мандатот на Трамп и мора веднаш да биде исправена“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира