Тројца загинаа во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на железничкиот премин во кумановското селото Романовце. Неофицијално, во несреќата загинале сопружници и дете.
Според МВР, несреќата се случила во 11.45 часот, на „Превој“, на обележан железнички патнички премин, кога товарен воз на Македонски железници удрил во патничко моторно возило голф со скопски регистерски таблички, управуван од Н. Б., а возилото сопатници биле С. Б., З. Б. и И.Б. сите од Арачиново. Во несреќата загинале возачот и двете сопатнички, додека четвртиот сопатник И. Б. пред ударот успеал да скокне од возилото, и поминал без повреди.
На лице место излегла екипа на Основното јавно обвинителтво и полицијата, и увидот е во тек. По наредба на обвинителот, телата ќе бидат предадени на семејството. По несреќата во прекин е железничкиот сообраќај кон Србија.
С. НИКОЛИЌ