ШВЕДСКИ КРАЛСКИ НАКИТ УКРАДЕН ОД КАТЕДРАЛА СРЕДЕ ДЕН, КРАДЦИТЕ ИЗБЕГАЛЕ СО ГЛИСЕР

    ШВЕДСКИ КРАЛСКИ НАКИТ УКРАДЕН ОД КАТЕДРАЛА СРЕДЕ ДЕН, КРАДЦИТЕ ИЗБЕГАЛЕ СО ГЛИСЕРУкрадениот накит му припаѓал на шведското кралско семејство од раниот 17. век (Фото: Алами)

    Шведската полиција покрена потрага откако од катедрала беше украден кралски накит, по што крадците избегале со глисер.

    Две бесценети круни и кралска кугла од 17. век биле земени среде ден во Стренгнес во близина на Стокхолм.

    Сведоците изјавија дека виделе двајца мажи како бегаат од катедралата, во која во тој момент се одржуваше саем. Тие за последен пат биле видени на езерото Маларен.

    Полицијата покрена масовна операција, но велат дека засега немаат осомничени.

    „Во овој момент е 1:0 за нив. Не е можно да се стави економска вредност на овие предмети, тие се од непроценливо национално значење“, изјави портпаролот на полицијата Томас Агневик.

    Украдениот накит содржи злато, драгоцени камења и бисери и им припаѓал на кралот Чарлс Деветти и на кралицата Кристина Постарата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира