ТИБО КУРТОА ПОТПИША СО РЕАЛ МАДРИД НА ШЕСТ ГОДИНИ, НАВАС ПОРАЧА ДЕКА НЕ СИ ОДИ

    ТИБО КУРТОА ПОТПИША СО РЕАЛ МАДРИД НА ШЕСТ ГОДИНИ, НАВАС ПОРАЧА ДЕКА НЕ СИ ОДИСе врати во Мадрид, ама сега во дресот на Реал. - Тибо Куртоа (Фото: АП)

    Тибо Куртоа и официјално стана нов голман на Реал Мадрид, откако потпиша шестгодишен договор.

    Белгискиот репрезентативец одби да се приклучи на тренинзите на Челзи по враќањето од летниот одмор и клубот, во којшто дојде уште во 2011 година, пред да го позајми на Атлетико Мадрид, не му правеше проблеми околу заминувањето во Мадрид, кадешто живеат неговите две деца.

    „Денеска остварувам сон. Дојдов во најдобриот клуб на светот“, изјави Куртоа и посака да му се придружи и Еден Азар, уште еден Белгиец од редовите на Челзи.

    „Тој е извонреден играч и би сакал повторно да играм покрај него“.

    Реал не објави колку платил за Куртоа, но се шпекулира со сумата од 35 милиони фунти.

    По повод доаѓањето на Куртоа, се огласи и досегашниот прв голман на Реал, Кејлор Навас:

    „Нека се знае јасно и гласно: имам желба да го напуштам Реал исто колку што имам и за умирање“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира