ЖЕРАРД ПИКЕ ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ЗА ШПАНИЈА

    ЖЕРАРД ПИКЕ ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ЗА ШПАНИЈАЖерард Пике често беше во судир со навивачите поради отворената поддршка на независноста на Каталонија

    Жерард Пике потврди дека веќе нема да настапува за шпанската репрезентација по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија.

    Тој ја најави ваквата можност уште за време на поништениот референдум за независност на Каталонија, кога се појави на гласањето, и покрај жестоката реакција на шпанската полиција.

    „Поминав навистина убаво време со репрезентацијата, освојувајќи светско и европско првенство. Но, оваа приказна сега дојде до свој крај. За мојата одлука го известив и новиот селектор Луис Енрике“, изјави 31-годишниот бек на Барселона.

    Тој дебитираше во дресот на Шпанија во 2009 година и во меѓувреме собра 102 настапи и постигна пет гола.

    Сепак, поради изразената поддршка на каталонскиот национализам, често беше на удар на навивачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира