МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО ВО ПОЧЕТОКОТ НА 2020, КАЖА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

    МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО ВО ПОЧЕТОКОТ НА 2020, КАЖА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР СТЕВО ПЕНДАРОВСКИЧленството во НАТО годишно би ја чинело Македонија околу половина милион евра, што не вклучува мисии, смета Пендаровски

    Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО во првите месеци од 2020 година, изјави националниот координатор Стево Пендаровски на еден месец до одржувањето на референдумот за прифаќање на договорот со Грција.

    Владата денеска ја состави комплетната структура на телата кои ќе учествуваат во пристапните преговори за членство во НАТО и таа ќе биде поделена на три нивоа. Притоа, Македонија очекува да го заврши својот дел од овој процес доНова година.

    Највисокото, политичко тело ќе биде комитет за интеграција во НАТО, во кој ќе влезат десетина претставници на институциите кои имаат некаква врска со организацијата. На негово чело ќе биде премиерот Зоран Заев. Второто ниво ќе биде работниот комитет, задолжен за спроведување на одлуките на првото тело и третото ниво е секретаријатот, кој ќе биде оперативна и логистичка поддршка на целиот тим. Во наредниот период, додека се водат пристапните разговори, од нас се очекува да ги прифатиме сите одредби и стандарди на организацијата. Ние очекуваме пристапните разговори да завршат до нова година и потоа целиот процес ќе се префрли во националните парламенти на земјите-членки. Ратифицирањето би требало да трае целата наредна година, за членка на НАТО да станеме во првиот квартал на 2020“, кажа Пендаровски на прес-конференцијата во Владата.

    Тој откри и колку Македонија би ја чинело членството во НАТО на годишно ниво.

    Тоа зависи од бруто домашниот производ и од ресурсите на земјите-членки. Според тоа, Македонија во постојаниот буџет на НАТО би уплатувала 0,1-0,2% од својот бруто домашен производ, односно околу 500.000 евра годишно. Тоа не е голем трошок, но тука не се вклучени мисиите на НАТО“, додаде Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира