Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва пристигна во дводневна официјална посета на Македонија за поддршка за НАТО и претстојниот референдум за прифаќање на договорот со Грција за промена на името на 30 септември.
На Меѓународниот аеродром Скопје, Столтенберг го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Владината прес-служба соопшти дека Генералниот секретар на Алијансата Столтенберг, утре ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери и други политички претставници. Столтенберг заедно со министерката за одбрана Шекеринска ќе ги посети и специјалните армиски сили кои ќе изведат показна вежба во скопската касарна Илинден.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 18 јануари годинава беше во посета на Македонија.
Тој тогаш во врска со перспективите за НАТО членство изјави: „Немате план Б, морате да го решите прашањето за името кое го имате со Грција“.
- НЕМАТЕ ПЛАН Б ЗА НАТО, МОРА ДА ГО РЕШИТЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ
- НЕМА ДА СТАНЕТЕ 30. ЧЛЕНКА НА НАТО АКО НЕ СЕ СМЕНИ ИМЕТО, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ
Г. ТРПЕНОСКИ