Германската канцеларка Ангела Меркел, придружена од својата делегација, пристигна во Владата. Ја пречека премиерот Зоран Заев со четворицата вицепремиери.
Во моментов тече средбата Заев-Меркел, а за во 12.30 часот најавена заедничка прес-конференција.
Според најавата од ВМРО-ДПМНЕ, таа и лидерот Христијан Мицкоски, ќе имаат средба во 14 часот во Германската амбасада во Скопје.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го нема во агендата на Меркел.
С. К. ДЕЛЕВСКА