ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА „РОМА“ НА КУАРОН

    ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА „РОМА“ НА КУАРОН„Оваа награда и овој фестивал се неверојатно значајни за мене“, рече Куарон вечерва на свеченото затворање на Венецискиот филмски фестивал (Фото: АП)

    Црно-белата драма „Рома“ на режисерот Алфонсо Куарон, еден вид сеќавање на неговото детство во Мексико Сити во раните 70-ти години, доби Златен лав на 75. издание на Венецискиот филмски фестивал, кој завршува вечерва.

    Мексиканската семејна драма уште на почетокот на фестивалот важеше за фаворит, а критиката го оцени како најинтимно дело на Куарон. Филмот е за двајца работници, кои безуморно се грижат за малото семејство во населба со средна класа.

    „Оваа награда и овој фестивал се неверојатно значајни за мене“, изјави Куарон на доделувањето. Неговиот последен филм „Гравитација“ се прикажа надвор од официјална програма во Венеција во 2013 година и потоа освои седум Оскари.

    Гран при од жирито доби британскиот филм „Фаворитот“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, а пак Жак Одијар е најдобар режисер за филмот „Сестрински браќа“.

    Оливија Колман е најдобра актерка, за улогата во филмот „Фаворитот“, а Вилем Дефо најдобар актер за ликот во „Пред портата на вечноста“.

    Единствената жена режисер во официјалната програма, Џенифер Кинт ја доби специјалната награда од жирито за филмот „Славеј“.

    Режисерот Гилјермо дел Торо беше претседател на жирито, во кое беа членовите: Силвија Чанг, Трине Дурлом, Никол Гарсија, Паоло Џеновезе, Малгоржата Шумовска, Таика Ваитити, Кристоф Валц и Наоми Вотс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира