КОГА МИЦКОСКИ ЌЕ КАЖЕ ЈАСЕН СТАВ ДЕКА Е ПРОТИВ БОЈКОТ, ТОГАШ ЌЕ ПРИФАТАМ ТВ-ДУЕЛ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

    КОГА МИЦКОСКИ ЌЕ КАЖЕ ЈАСЕН СТАВ ДЕКА Е ПРОТИВ БОЈКОТ, ТОГАШ ЌЕ ПРИФАТАМ ТВ-ДУЕЛ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕМицкоски го повика Заев ТВ-дуел за референдумот и за Договорот од Преспа за време на синоќешната прес-конференција. - Заев и Мицкоски на лидерската средба на 26 јули (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев одговори на повикот за ТВ-дуел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека ќе прифати дуел кога Мицкоски каже јасен став дека е против бојкот на референдумот за името на 30 септември.

    „Кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе каже јасен став дека е против бојкот на референдумот, тогаш ќе прифатам телевизиски дуел“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи.

    Мицкоски го повика Заев ТВ-дуел за референдумот и за Договорот од Преспа за време на синоќешната прес-конференција на кој што го соопшти партискиот став за референдумот. Како што кажа Мицкоски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е сите граѓани да постапат според сопствените убедувања.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира