БЕСПЛАТНА ТУРА ВО ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР СО „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“

    БЕСПЛАТНА ТУРА ВО ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР СО „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“Селото Лесново се наоѓа на 15 километри од Пробиштип на југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од 870 метри

    Бесплатна еднодневна екскурзија на 22 септември за посета на Лесновскиот манастир организира компанијата „Еуролинк осигурување“ , во рамки на активнста  „Мапа на културата“ која е во тек петта година по ред. Селото Лесново се наоѓа на 15 километри од Пробиштип на југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од 870 метри.

    „Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините на селото Лесново и да ги слушнат преданијата од монасите за настанување на Лесновскиот манастир, еден од најубавите и најзначајните византиски споменици на Балканот и еден од најимпресивните и културно значајни манастири во Македонија“, велат од компанијата.

    Пријавувањето, без разлика на возраста, е од денес на е-пошта [email protected], со име и презиме, возраст и контакт телефон.

    На екскурзијата ќе учествуваат првите 150 пријавени кандидати, а поаѓањето е во 9:00 часот, на паркингот кај „Дрводекор“ во Скопје. Сите трошоци за организацијата ги покрива „Еуролинк осигурување“.

    Во изминатите години, за време на „Мапа на културата“ беа организирани посери на Стоби, Хераклеја, Битола, Бигорскиот манастир и Галичник. Настанот се организира во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира