Нова треил трка в недела, 16 септември, ќе стартува во областа на Раштак, скопско. На Раштак треил ќе се трчаат три трки, главната е два круга по 13, 5 км со +600 метри висинска разлика, рекреативната од еден круг од 6,7 км со +300 метри висинска разлика, и амбасадорска трка на 2 км.
Старт/цел е дворот на ОУ „Наум Охридски“ во Раштак, а стартнината е бесплатна.
За првите тројца на главната трка во женска и машка конкуренција ќе има и и парични награди, од 4.000 денари за прво, 3.000 денари за второ и 2.000 денари за трето место.
Организатори се Маратон клуб Делта и Општина Гази Баба.