ЛОНДОНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОБАРА ВТОР РЕФЕРЕНДУМ ЗА БРЕГЗИТ

    ЛОНДОНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОБАРА ВТОР РЕФЕРЕНДУМ ЗА БРЕГЗИТБританија треба да излезе од ЕУ за шест месец и сега се соочува со два ризични избора: лош договор или никаков договор, вели лондонскиот градоначалник Садик Кан (Фото: ПА)

    Лондонскиот градоначалник Садик Кан побара втор референдум за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, критикувајќи ја Владата и спогoдбите околу брегзит. Во текстот објавен во „Обзервер“ лабуристот Кан пишува дека со фактот оти Британија треба да излезе од ЕУ за шест месеци, сега се соочува со два ризични избори: лош договор или никаков договор.

    „Оваа дебата повеќе стана дебата за политичките амбиции на Борис Џонсон, отколку дебата за доброто на Велика Британија“, вели градоначалникот Кан.

    Премиерката Тереза Меј рече дека второто гласање би било „предавство за нашата демократија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира