ПТИЦА ГО ПРИЗЕМЈИ АВИОНОТ НА „ВИЗЕР“ ЗА ПАРИЗ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД СКОПЈЕ

    ПТИЦА ГО ПРИЗЕМЈИ АВИОНОТ НА „ВИЗЕР“ ЗА ПАРИЗ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД СКОПЈЕВо воздушниот простор над Косово авионот го сменил правецот и тргнал назад за Скопје. Патеката на приземјениот авион.(Фото: принтскрин - Флајтрадар24)

    Авион на унгарската авиокомпанијата „Визер“ кој од Скопје вчера попладнето полетал за Париз  морал да се врати назад оти птица влегла во моторот, велат извори на Скопскиот аеродром и патници кои ја контактираа нашата редакција.

    Од МНАВ –  Контролата на летање го потврдија настанот, но за детали ни рекоа да се обратиме во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

    Но, од Агенцијата за цивилно воздухопловство ни изјавија дека тие не се надлежни да даваат информации за авиони на странска авиокомпанија и за нешто што се случило над странска територија.

    Авионот од типот Ербас – А321 со 230 седишта и петчлен екипаж од Скопскиот аеродром кон парискиот ааеродром Буве полетал во 18.28 часот. Според податоците од специјализираниот сајт за следење летови „Флајтрадар24“, во воздушниот простор над Косово меѓу Сува река и Урошевац авионот го сменил правецот и тргнал назад за Скопје. Тогаш авионот веќе бил на висина од околу 6.000 метри. После едно ниско кружење над Скопскиот аеродром и над контролната кула и по редовна процедура за слетување од јужен правец, околу 19 часот слетал безбедно.

    Патници кои биле во авионот за САКАМДАКАЖАМ.МК. велат дека екипажот им соопштил оти во моторот влегла птица и поради тоа мораат принудно да се вратат назад. По час и половина по непланираното слетување, односно во 20.40 часот  истиот авион повторно полетал кон аеродромот „Буве“ – Париз.

    Ниту од компанијата „Визер“ не одговорија за проблемот кој настанал на линијата Скопје-Париз.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира