Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е македонски кандидат за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година.
Одлуката ја донеде комисијата при Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, актерките Ирена Ристиќ и Амернис Нокшиќи, композиторот Горан Трајкоски, уметникот и сценограф Игор Тошевски, режисерот Даријан Пејовски и кинематограферот Наум Доксевски.
Од ДФРМ велат дека во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Ругање со Христос“ во режија на Јани Бојаџи.
Деведесет и првото издание на Оскарите, најпрестижната филмска награда која ја доделува Академијата за филмска уметниост и наука ќе се одржи на 24 февруари 2019 година.