ИГОР ЈУГ СКОКНА ОД СТОЛЧЕТО И САКАШЕ ДА СИ ЗАМИНЕ СРЕДЕ СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ИГОР ЈУГ СКОКНА ОД СТОЛЧЕТО И САКАШЕ ДА СИ ЗАМИНЕ СРЕДЕ СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОВо обвинението стои дека Игор Југ имал за цел да го ликвидира Зоран Заев, а тој на денешното судење се налути оти судијката Кацарска не му дозволи да го испраша сведокот Агим Нухиу (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот Игор Југ, на денешното судење за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017,  сакаше да му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој денеска сведочи. Откако судијката Добрила Кацарска не дозволи да му се постави неговото прашање на сведокот, тој скокна од столчето и се тргна кон излезот на судницата.

    Во обвинението стои дека Игор Југ имал за цел да го ликвидира Зоран Заев. Toj е меѓу 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

    „Изволте. Отстранете ме од судницата. Судите 33 Македонци. Каде е српскиот шпион Живаљевиќ?“, викаше Југ.

    Кацарска го предупреди да не си ја отежнува ионака тешката состојба во која се наоѓа и укажа дека таа не одлучува кој е обвинет, туку Обвинителството.

    Во едно од прашањата претходно, обвинетиот Александар Василевски – Нинџа го праша Нухиу дали имал информации од УБК дека полицајци на тајната полиција, од Петтата управа, биле распоредени околу Собранието во 17 часот и дали добил информации дека ветерани на УЧК и активисти на ДУИ од повеќе градови, тргнале накај Скопје со оружје. Нухиу негираше, и рече дека само дека имало информации од директорот на УБК за можни критични термини.

    Претходно, Нухиу го испрашуваше Митко Чавков, ексдиректорот на БЈБ, како и адвокатите на обвинетите. До крајот на денешното рочиште треба да сведочат уште тројца сведоци, меѓу кои и Сашо Тасевски, новиот директор на БЈБ, кој за време на нападот на Собранието беше во прес центарот како обезбедување на тогашниот технички министер Оливер Спасовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира