НАЈГОЛЕМИОТ ГУБИТНИК НА СВЕТОТ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИ ВО КАНАДА ПО 96. ПАТ

    НАЈГОЛЕМИОТ ГУБИТНИК НА СВЕТОТ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИ ВО КАНАДА ПО 96. ПАТВо политиката влезе во 1979 година со амбиција да го легализира коцкањето. - Џон Тармел (Фото: Гети)

    Џон Тармел првпат се кандидирал на избори во 1979 година, кога неговата примарна цел била да го легализира коцкањето. Иако освоил само 193 гласови, тоа било само почеток на една опсесија, која подоцна го однесе до Гинисовата книга на рекорди како човек кој учествувал и загубил најмногу избори на светот. И сега планира да се обиде уште еднаш.

    Тармел зад себе има 95 неуспешни изборни кампањи, кандидирајќи се за функции од градски советник до пратеник во парламентот. Најчесто како независен кандидат, бројот на освоени гласови му варирал од 11 до 4.500.

    „Супергубитникот загуби повторно“, „најголемиот губитник во политиката“ се само некои од насловите и епитетите со кои Тармел се соочувал низ животот.

    „Дали се чувствувам лошо? Не!“, вели 67-годишниот Тармел, кој доаѓа од Брентфорд, мал град во јужно Онтарио.

    Тој вели дека првпат одлучил да се кандидира за парламентот во 1979 година, бидејќи често го апселе поради нелегалните коцкарници што ги водел во Отава. Наскоро, неговата платформа се проширила на легализирањето дрога и проституција.

    „Почнаа да ме викаат шампион на коцкарите, курвите и наркоманите“.

    Неговата стара економска идеја локалните заедници да имаат своја валута како решение за сиромаштијата го тера и натаму да се кандидира.

    „Денес веќе не правам никаква кампања. Оставам прес материјали и си одам дома. Ако има дебата, се појавувам, дури и ако не ме поканат“.

    Тармел вели дека не жали за ништо и наредниот месец ќе се кандидира за градоначалник на Брентфорд, што ќе му бидат 96. избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира