РАКОТ ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО, ПОБАРА ЗДРУЖЕНИЕТО „БОРКА“ И ГИ ПОВИКА СИТЕ В НЕДЕЛА ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КАМПАЊАТА „НАПРЕД РОЗОВО“

    РАКОТ ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО, ПОБАРА ЗДРУЖЕНИЕТО „БОРКА“ И ГИ ПОВИКА СИТЕ В НЕДЕЛА ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КАМПАЊАТА „НАПРЕД РОЗОВО“„Кампањата за подиганње на свеста за ракот на дојка „Напред розово“ почнува во 11 часот во Градски парк кај школка, а се оддржува по десети пат“, рече Биба Додева, претседател на „Борка“.

    Потребни се национален регистар на болни од рак, национална стратегија за контрола на ракот и нови современи терапии, кои може да им го продолжат животот и на пациенти со метастатски карцином. Ова се дел од барањата на здружението „Борка“, кое во недела по десетти пат го организира традиционалниот марш „Напред Розово“ за подигање на свеста за ракот на дојка.

    „Ако пред десет години, кога ја почнавме кампањата, годишно имаше 600 новооткриени случаи, сега таа бројка е дуплирана односно е 1.200 новоoткриени случаи. Информирањето и едукацијата се клучни за лекување на болеста, која ако се открие во ран стадиум и стапката на преживеани пациенти е голема. Затоа продолжува и нашата борба со институциите да се обезбеди современа терапија. Апелирам до креаторите на политики во здравството ракот да биде приоритет во здравството“, рече Биба Додева, претседател на „Борка“.

    Таа рече дека во моментов Клиниката за онкологија обезбедува од свои средства лекови за метастатски карцином на дојка, кој претходно беше набавуван од Агенцијата за лекови и медицински помагала.

    „Овие лекови да се стават на позитивната листа на лекови, за да може соодветно и да се прават набавките. Исто така во делот на дијагностиката пациентките чекаат долг временски период за да ги направат потребните прегледи, кои им се потребни и при откривање на болеста, но и потоа при третман и следење на состојбата. Договоривме со Министерството за здравство да се даде приоритет во системот за закажување МојТермин за овие пациенти“, рече Додева.

    Таа ги повика сите во недела во 11 часот да се приклучат на розевата прошетка „Напред розово“, која почнува Градски парк кај школка.

    „Борка“ доби донација од 15.000 долари од компанијата „АВОН“, која ја промовираше и годинешната кампања „Допирај се розево“. Парите ќе бидат употребени за поддршка на мобилната СОС линија за пациенти кои боледуваат од рак и нивните семејства.

    „Освен тоа ќе се финансираат и проектите за едукација, а еден од нив е едукација на младите и затоа во 36 средни училишта во Македонија ќе правиме вакви едукации“, рече Додева.

    Кампањата и годинава традиционално е поддржана од амбасадата на САД во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира