БАРАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВИ, ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    БАРАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВИ, ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА, ВЕЛИ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев останува на ставот во наредните денови да се разговара со пратеници во Собранието во, како што изјави, една пријатна, нормална и одговорна атмосфера. (Фото: СДК.МК)

    За премиерот Зоран Заев, барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и за анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи.

    „Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд, во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања“, изјави Заев денеска во Охрид, каде што учествува на научна конференција за идниот економски развој на Македонија што ја организира МАНУ.

    Тој најави дека останува на ставот во наредните денови да се разговара со пратеници во Собранието во, како што изјави, една пријатна, нормална и одговорна атмосфера.

    „Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната. Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство“, рече Заев.

    ВМРО-ДПМНЕ ОДЛУЧИ ДЕКА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е МРТОВ, НА ИЗБОРИ ЌЕ ОДИ САМО СО НОВА ПРЖИНСКА ВЛАДА ОД 100 ДЕНА

    Тоа, според него, ќе биде добро за државата бидејќи Македонија нема да загуби непотребни месеци, но нагласи дека секако останува отворена можноста целата оваа ситуација да се решава преку вонредни парламентарни избори, кои, како што кажа, не ги посакува.

    Тој вели дека би сакал да го доврши сегашниот мандат пред сè поради доброто на македонската економија, за реформите и за сите тековни процеси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира