За обвинетиот Миле Јанакиески во случајот на СЈО „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности, во кој се обвинети и тогашниот премиер Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мартин Протоѓер меѓу вкупно 21 лице од ВМРО-ДПМНЕ, во една од бомбите што се пуштаат денеска во судот се открива како пред избори барал список со обвинители, кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
Јанакиески на обвинетата поранешна заменичка-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковски ѝ потврдува дека ѝ пратил писмо што требало да го однесе во обвинителството.
„Миле, тука пишува ‘Лично на рака, за Основен јавен обвинител'”, му вели Бришковска.
“Да, за Основен јавен обвинител”, потврдува Јанакиески.
„Во ред“, вели Бришковска и потоа разговараат за тоа како им одат подготовките за изборите.
С. К. ДЕЛЕВСКА