„РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ ВО ШТИП, ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗАБРАНА ПОДНЕСЕН НА БАРАЊЕ ОД МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АДЕМИ

    „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ ВО ШТИП, ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗАБРАНА ПОДНЕСЕН НА БАРАЊЕ ОД МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АДЕМИ„Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија“, вели Државното правобранителство за МИА; - сцена од „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи

    Државниот правобранител на Република Македонија  Фехми Стафа утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос”, откако мерка забрана од Правобранителот побарало Министерството за култура.

    „Ругање со Христос“ имаше македонска премиера на 5 октомври на отворањето на фестивалот Киненова во Скопје. Според Алсат, во барањето за забрана од Министерството за култура поднесено само врз основа на трејлерот на филмот, се наведува дека содржината на филмот е навредлива, пред сè на етничка основа, ќе поттикне верска омраза, поделби во општеството и може да наштети на соживотот во земјата, и се бара одлуката за привремена забрана треба да важи 30 дена по завршувањето на филмскиот фестивал.

    Според соопштението на Државното правобранителство за МИА, решението за повлекување на предлогот за забрана е донесено по направените дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

    „Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија“, вели Државното правобранителство за МИА.

    Филмот на Бојаџи е актуелен изминатиов период по реакциите од Министерот за култура Асаф Адеми и од директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кои иако велат дека не го гледале филмот туку само трејлерот, го оценија како скандалозен, без уметничка вредност и оти ги навредува чувствата на Албанците оти војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.

    Но во конечната верзија на филмот, кој првпат вчера го виде македонската јавност, таква сцена на силување нема. Многумина по синоќешната премиера сметаат дека попусто се дала политичка конотација на филмот е и се направила драма без потреба.

    Бојаџи, кој претходно обвини дека власта се обидува да ја спречи премиерата и кинодистрибуцијата на „Ругање со Христос“ во Македонија, а кажа и дека филмот е одбиен од сите центри за култура, како и од Синеплекс, вчера на Фејсбук објави дека филмот на 9 октомври ќе се прикаже во Домот на култрата во Штип.

    Тој објави и дека татко му, кој на 5 октомври во акција на МВР беше приведен и доби кривична пријава заедно со уште 13-мина од повеќе градови за шверц со артефакти, е пуштен дома.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира