6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКСМИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОСКА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ КУПЕН ПО ЖЕЛБА НА ГРУЕВСКИ

    6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКСМИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОСКА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ КУПЕН ПО ЖЕЛБА НА ГРУЕВСКИЗа истиот случај, Никола Груевски и Ѓоко Поповски беа осудени на затворски казни од Основниот суд Скопје 1 на 23 мај. - Јанкулоска пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска неправосилно е осудена на 6 години затвор за поттикнување со умисла на поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски да се набави „мерцедесот“ од 600 илјади евра од парите на полицијата, по желба и нарачка на нејзиниот шеф и тогашен премиер Никола Груевски. На објавата на пресудата таа денес не дојде.

    Судијката Добрила Кацарска ја образложи и ја изрече пресудата и овојпат јавно, пред камери и во директен пренос од судницата во Основниот суд Скопје 1.

    Во прислушуваните разговори во постапката против Груевски и Поповски, но и во издвоената постапка за Јанкулоска, се слушна таа како прима налог од Груевски кое возило треба да се купи. И вели да ја тера работата за тоа на „м“ односно за тоа со триаголникот, што е знакот за марката „мерцедес“. Потоа таа ја турка целата работа и му кажува на Поповски да внимава да не улета некој друг оператор на јавниот оглас. Тоа го прават со местење на тендерот, со копирање на податоците на перформансите и спецификациите на ултра луксузниот мерцедес, за да не може да се јават други конкуренти.

    Груевски за незаконито влијание да му се купи токму „мерцедес С 600 гард“, а не блиндирано возило од друга поевтина марка, веќе има правосилна пресуда од две години затвор. Тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски, кој ја спровел незаконската набавка со фаворизирање на „Макаутостар“ како единствен понудувач, првично доби затворска казна од 6,5 години. Апелациониот суд Скопје на 5 октомврри му ја намали на 4 години и 6 месеци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира