АКО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОДДРЖАТ АНТИЗАПАДНИОТ СТАВ НА МИЦКОСКИ, ВЕДНАШ ЌЕ ИМА ИЗБОРИ, КАЖА ТУНТЕВ

    АКО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОДДРЖАТ АНТИЗАПАДНИОТ СТАВ НА МИЦКОСКИ, ВЕДНАШ ЌЕ ИМА ИЗБОРИ, КАЖА ТУНТЕВКоординаторот Томислав Тунтев со пратеничката група на СДСМ на денешната прес-конференција во Собранието (Фото: К. Попов)

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, во име на парламентарното мнозинство, ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски пратеници да гласаат за владиниот Предлог за пристапување кон уставни измени, бидејќи нема друга алтернатива, т.е. друга алтернатива е изолација и криза.

    „Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за предлогот за пристапување кон измени на Уставот, тогаш веднаш ќе се распушти парламентот и ќе се оди на предвремени парламентарни избори“, рече Тунтев.

    Тој ги повика опозициските пратеници да се надминат себеси и да гласаат за иднината, а не да го поддржуваат антизападниот став на нивниот лидер Христијан Мицкоски.

    „Изборите ќе бидат организирани согласно роковите предвидени во Уставот“, рече Тунтев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира