БРАЌАТА ЏАКА ИМ ДАВААТ 80% ОД ПЛАТИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ ОТИ СЕ МЛАДИ И НАИВНИ

    БРАЌАТА ЏАКА ИМ ДАВААТ 80% ОД ПЛАТИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ ОТИ СЕ МЛАДИ И НАИВНИ

    Гранит Џака, фудбалерот на Арсенал кој на Европското првенство во Франција игра за репрезентацијата на Швајцарија, откри дека тој и брат му Таулант им даваат 80 проценти од платите на нивните родители.
    23-годишниот фудбалер сигурно ќе има многу повеќе пари откако си замина од Борусија Менхенгладбах и премина во редовите на „топчиите“ минатиот месец, но нема сомнеж дека сите навивачи ќе бидат импресионирани од овој неверојатен гест.
    Џака добива пофалби дека е вистински лидер и има потенцијал да биде капитен и неговиот карактер се чини одлично се вклопува во тимот на Арсенал, но личниот успех очигледно не е на прво место за него бидејќи пред сѐ сака да им се оддолжи на оние кои најмногу му помогнале да биде таму каде што е денес.

    lekaj-dzaka

    Мајката на браќата Џака го следеше нивниот дуел со маичка на која беа споени швајцарското и албанското знаме

    „Бидејќи им должиме сѐ на нашите родители, ние сакаме денес да им се оддолжиме колку што можеме“, изјави Гранит Џака за „Спокс“.

    „Секој месец им даваме од нашите приходи (од фудбалот), имаме одвоени сметки секако, но 80 проценти од платите праќаме дома. Млади сме, наивни кога станува збор за пари, парите брзо се трошат. Ако некој мисли дека вреди повеќе само бидејќи има пари на сметка… тоа брзо ќе му се удри од глава. Семејството за нас е најголем луксуз.“
    Браќата Џака попладнево играа еден против друг на Европското првенство во Франција: Гранит за Швајцарија, а Таулант за Албанија. Победи Швајцарија со 1:0.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира