ПОВЕЌЕ ЖЕНИ СЕ ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ГРАДИНКИ, ПОКАЖА ИНДЕКСОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

    ПОВЕЌЕ ЖЕНИ СЕ ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ИМА ГРАДИНКИ, ПОКАЖА ИНДЕКСОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ„Ова е и обврска индексот да го изработуваме секоја година. Министерството за труд и социјална политика со Европскиот институт изработува Национален родов индекс чии резултати наскоро ќе бидат достапни на јавноста“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на презентацијата на Индексот на родова еднаквост во општините

    Во општините каде има градинки 7 жени наспроти 10 мажи работат, а во општините каде нема градинки соодносот на вработени жени и мажи е 4 наспроти 10. Ова денес го кажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на презентацијата на Индексот за родова еднаквост на општините, изработен од невладината Реактор во соработка со американската агенција УСАИД.

    Таа кажа дека тоа покажува дека владините политики за подобрување на нееднаквостите помеѓу жените и мажите се во вистинска насока, а државата прави сѐ во своја моќ за што повеќе жени да бидат вклучени на пазарот на труд.

    „Токму овие податоци ме радуваат и ми даваат уште повеќе енергија да отвораме детски градинки во руралните средини и во општини каде што досега ги немаме. Работиме на подобрување на оваа состојба со тоа што годината ќе ја завршиме со вкупно 24 новоотворени градинки. Од нив 11 се веќе отворени, а до крајот на годината планираме да отвориме уште 13. Во исто време го зајакнавме кадарот со 1.025 вработувања, а ги подобруваме предучилишните програми“, рече Царовска.

    Според неа со овој индекс, кој за прв пат се изработува во Македонија, можат да видат дали политиките се во вистинска насока.

    „Ова е и обврска индексот да го изработуваме секоја година. Министерството за труд и социјална политика со Европскиот институт изработува Национален родов индекс чии резултати наскоро ќе бидат достапни на јавноста“, рече Царовска.

    Истражувањето за подготовка на индексот беше спроведено во сите 81 општина во Македонија, а беа анализирани три главни области: родовиот јаз, соодветни услови и родово одговорна општина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира