БИТОЛЧАНИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ВЛЕЗ НА ПЕЛИСТЕР, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

    БИТОЛЧАНИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ВЛЕЗ НА ПЕЛИСТЕР, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКАСо ребалансот на Буџетот, денес издвоени се средства кои Општина Битола планира да му ги рефундира на Националниот парк Пелистерт, со што би се покрил износот од по 50 денари за возило што го собираат од влез на посетители (Фото: СДК.МК)

    Битолчани до крајот на годината ќе бидат ослободени од плаќање влез во Националниот парк Пелистер, најави градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Советот. Со ребалансот на Буџетот, денес издвоени се средства кои Општината планира да му ги рефундира на Паркот, со што би се покрил износот што го собираат од влез на посетители.

    „Како опозиција, баравме битолчани да бидат ослободени од плаќање влез во Националниот парк Пелистер, зашто тоа е најмалку што може да биде направено за да им се овзоможи да одат до најблиската дестинација каде можат да уживаат во благодетите на природата, особено од здравствен аспект. Со ребалансот се предвидуваат средства со кои Советот на Општина Битола ќе им овозможи на битолчани до крајот на оваа фискална година да можат бесплатно да влегуваат во паркот“, рече Петровска.

    Од Национланиот парк Пелистер велат дека се известени за иницијативата, дека таа вреди да се разгледа и дека сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните.

    Влезница од 50 денари за возило беше воведена од пред четири години со одлука на Владата. Тогаш, образложението беше дека парковите треба да опстојуваат што повеќе од сопствени приходи. Нова одлука треба да биде донесена на Управниот одбор, а потоа да помине на Влада.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира