ЈАВИ СЕ ВО ВИЗЕР ДА ОБЕЗБЕДИШ АВИОНИ ЗА ГЛАСАЧИТЕ ОД СТРАНСТВО, МУ НАРЕДУВА ЈАНАКИЕСКИ НА ЈАНУШЕВ ВО БОМБИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК“

    ЈАВИ СЕ ВО ВИЗЕР ДА ОБЕЗБЕДИШ АВИОНИ ЗА ГЛАСАЧИТЕ ОД СТРАНСТВО, МУ НАРЕДУВА ЈАНАКИЕСКИ НА ЈАНУШЕВ ВО БОМБИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК“Актуелниот генерален секретар Игор Јанушев бил задолжен за два авиона од странство со гласачи за Кичево. - Миле Јанакиески; Игор Јанушев (Фото: СДК.МК)

    Билјана Бришкоска-Бошковски, една од обвинетите во „Титаник“ на СЈО за злосторничко здружување и повеќе кривични дела за изборни нерегуларности, во продолжение на бомбите на пред вториот круг локални избори во 2013 година, е задолжена за гласачите од Пустец.

    На денешното судење се случа како таа луто му вели на обвинетиот Миле Јанакиески: „Гледам овде само 4 избирачки места се со луѓе од Пустец“.

    „Не се само 4, повеќе се. 33 се: Гази Баба, Кавадарци и други“, тврди Јанакиески и почнуваат да се расправаат.

    Во следна бомба, Јанакиески се кара со актуелниот генерален секретар Игор Јанушев, тогашен вработен во министерството за транспорт и врски, кој е задолжен за два авиона од странство со гласачи за Кичево. Му вели на Јанушев како знае да ги обезбеди авионите.

    „Јави се во Визер. Ако не, јас да се јавам!“, му се дере Миле на Јанушев.
    „А бе нема слободни линии, чартер се овие“, му одговара Јанушев.
    „300 од Тревизо, 120 од Швајцарија, и да ги обезбедиш!“, му наредува Јанакиески.

    „Ти пушти пари Бетон?“, прашува Миле друг соговорник.
    „Не, утре сабајле“, му кажува тој.

    Во битката за градоначалник на Кичево, а особено на Центар, нервозата расте, се придружуваат функционери и вработени во администрацијата да носат списоци со сигурни гласачи.

    „Ебати националистите. Рано им било да станат во 5 и да полетаат. Што Македонци ќе бевме! Нервозен сум у пичку материну“, вришти Миле по телефон.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира