КАТИЦА ОД БРИСЕЛ ПОРАЧА ДЕКА СЈО НЕМА ДА СЕ ОБЕСХРАБРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Брисел,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ОД БРИСЕЛ ПОРАЧА ДЕКА СЈО НЕМА ДА СЕ ОБЕСХРАБРИ

    Обвинителка Катица Јанева денес од Брисел порача дека и покрај секојдневните предизвици со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство во меѓуинституционалната соработка, нема да се обесхрабри во одлучноста и посветеноста да ја исполни мисијата која му е доверена водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.

    Јанева во Брисел беше говорник на работилница на тема „ Зајакнување на отпорноста кон корупцијата и заробувањето на државата во Југоисточна Европа “.

    Во фокусот на работилницата е размена на искуства во поглед на следење на имплементацијата на механизмите за борба против корупција, напредокот во спроведувањето на антикорупциските политики и следењето на имплементацијата на механизмите за борба против корупцијата. Основната цел на работилницата е размена на искуствата на учесниците во поглед на проблемите со кои се соочуваат во справувањето со корупцијата, како и значењето од вклучување на граѓанскиот сектор особено и во насока на реализација на иницијативите за регионална соработка со цел зајакнување на отпорноста кон корупција.

    Јанева ја истакна важноста од овозможување на услови за непречено работење на институциите вклучени во процесот на справување со корупцијата особено од висок профил. Како што нагласи дека институциите имаат обврска да преземат мерки за да спречат овозможување на услови во кои индивидуи кои се раководат од лични интереси, ќе ги злоупотребуваат институционалните капацитети. Потенцираше дека улогата на граѓанскиот сектор има сериозен придонес во зголемување на свесноста за последиците од коруптивното однесување врз граѓаните е од исклучително значење во насока на обезбедување транспарентност и одговорност на институциите.

    На работилницата учествуваат високи претставници на Европската комисија, членови на Европскиот парламент, како и претставници на граѓанскиот сектор од регионот и од Европа.

    Во рамки на посетата на Брисел, покрај учеството на работилницата, Јанева ќе има средби и со членови на Европскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира