Француската полиција објави дека се уапсени шест лица кои се сомничат дека планирале да извршат насилен напад врз претседателот Емануел Макрон.
Пет мажи и една жена биле фатени од антитерористичките единици во Бретања и случајот се третира како „криминално терористичко здружување“. Други детали за уапсените и за нивните намери не се соопштени.
„Истрагата испитува заговор кој е нејасен во оваа фаза, а кој вклучува насилна акција против претседателот на Републиката“, изјавија обвинителите.
Осомничените наводно некое време биле следени од Националната агенција за домашна безбедност. Апсењата биле извршени во источните француски региони Мозел и Изер, како и во северниот регион Иј-е-Вилен.
Ова се случува среде посетата на Макрон на боиштата од Првата светска војна во северна Франција.