ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА ВРЗ ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ, РЕКОРДЕН БРОЈ ЖЕНИ ВЛЕГУВА ВО КОНГРЕСОТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО САД

    ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА ВРЗ ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ, РЕКОРДЕН БРОЈ ЖЕНИ ВЛЕГУВА ВО КОНГРЕСОТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО САДНа изборите за Конгресот се гледаше како на референдум за досегашното владеење на Трамп (Фото: АП)

    Демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом по изборите за американскиот Конгрес, кои беа сфатени како своевиден референдум за досегашното владеење на претседателот Доналд Трамп.

    Тие ќе имаат мнозинство во понискиот дом на Конгресот за првпат по осум години, што ќе им овозможи да ја попречуваат политиката на Трамп, но затоа се очекува републиканците да ја зацврстат својата позиција во Сенатот.

    На првите избори по доаѓањето на Трамп во Белата куќа пред две години, Демократите ќе ги освојат потребните 23 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом, со што ќе можат да почнат истраги за сите спорни прашања во администрацијата на Трамп и поефективно да ги блокираат нејзините предлог-закони, што првенствено се однесува на изградбата на ѕид долж мексиканската граница. Се проценува дека демократите ќе имаат 229, а републиканците 206 места во Домот, но конечните резултати допрва треба да се објават.

    Александрија Окасио-Кортес влегува во Конгресот на 29 години, со што е најмлада во историја (Фото: Ројтерс)

    Женските кандидати исто така остварија голем успех на изборите и се очекува во новиот состав да има рекорден број жени во Конгресот.

    Со 29 години, демократката од Њујорк Александрија Окасио-Кортес треба да стане најмладата конгресменка во историја, демократките Илхан Олмар (Минесота) и Рашида Тлаиб (Мичиген) ќе станат првите муслиманки, а демократките Шарис Дејвидс (Канзас) и Дебра Халанд (Њу Мексико) првите домородни Американки избрани во Конгресот.

    „Ви благодарам, утре ќе биде нов ден во Америка“, изјави лидерката на Демократската партија Ненси Пелоси на собирот во Вашингтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира