Непосредно пред вториот круг гласање на локалните избори во 2013 година, обвинетиот за пет кривични дела во големиот случај на СЈО „Титаник“, Миле Јанакиески, во еден од прислушуваните разговори пуштени на денешното судење му се заканува на обезбедувањето на Коце Трајановски.
„Ќе му се наебам, кажете му! Што ако е на Коце обезбедување. Он имал свои луѓе, он ќе ги вадел кога ќе сакал. Кажи му од понеделник ќе работи пред Биро за вработување, кажи му“, лут пцуе Миле.
„Добар ден министре, Александра Андревска, ќерката на Бојо Андревски е на телефон. Јас имам собрано 79. Ми е страв, смеам да им се јавувам утре за гласање?”, го прашува Миле ќерката на Бојо.
„Разработи си шема. Земи си 10 души на гласање ти, татко ти 10, сестра ти 10 и така“, ја поучува Миле Александра на Бојо.
„Јас многу на шиптариве не им верувам, ама па најјаките луѓе ми се во за Куманово. Најјаките луѓе и најсилните ресурси ми се таму. Цело МВР е таму. Сега ние не можеме да ги спречиме да делат летоци. Во други општини ние правиме така“, му вели обвинетата Гордана Јанкулоска на високо раководно лице во МВР, кој шпионира Албанци кои работеле за Циц.
„Смешни ми се нашиве, знаеш? Ако 50 души од МВР работеле за СДСМ, тоа е скандал. А за нас што работат 5.000 души, нема везе, хахаха“, зборува Јанкулоска во следна бомба со истиот соговорник.
С. К. ДЕЛЕВСКА